“ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ” ДОО – Скопје, Подружница Производство Скопје

Дејност, Производство на производи од бетон за градежни цели

Моб: + 389 71 416 433        E-mail: ghiproizvodstvo@ghi.com.mk

Од стартувањето на погонот за производство на бетонски елементи , почнувајќи со мал асортиман на производи, како што се бетонски улични рабници и бетонски паркови рабници. Со тек на време, постепено производството се проширува со дополнителни бетонски производи и елементи, во согласност со трендот на потреби и побарувања што го диктира пазарот.

Асортиманот на производи на производствениот погон на Геохидроинженеринг се развива и проширува во насока на воведување нови димензии на постоечките производи како и производство на сосема нови бетонски производи. Асортиманот на производи е збогатен за центрифугирани армирано бетонски столбови во повеќе димензии, најчесто 9, 10 и 12 метри должина. Секако според потребите на потрошувачите, подготвени сме да одговориме на истите со модификации на производите, зависно барањата на пазарот. Процесот на подобрување на производите, се одвива преку развој на стручноста и компетентноста на човечките ресурси, следење и воведување на современи технологии на производство, унапредување на квалитетот на производите и соработка со бизниси и институции од областа.

По барање на некои купувачи на нашите производи особено деловни клиенти, како и дел од процедурите на компанијата за постојано следење на квалитетот на производите, спроведуваме редовни контроли и испитувања на квалитетотна влезните суровини кои се вградуваат во нашите производи, испитувања на бетонски тела на јакост на притисок и слични контроли редовно или по нарачка на купувачите.

Компанијата од своите почетоци па се до денес остварува брз и континуиран раст и развој, со успешно работење на македонскиот пазар, дополнително и на меѓународниот, со имплементирање на нови стандарди во областа на производството на разновидни бетонски елементи.

Асортиманот на производство се состои од:

  • производство и продажба на бетонска галантерија
  • производство и продажба на бетонски украсни елементи
  • производство и продажба на бетонски столбчиња
  • производство и продажба на бетонски лего елементи (коцки)
  • производство и продажба на бетонски украсни жардињери и цвеќарници
  • производство и продажба на бетонски корпи за отпадоци
  • производство и продажба на бетонски столбови во различни димензии
  • производство и продажба на армирано бетонски ногари
  • производство и продажба на центрифугирани армирано бетонски ногари, бандерски потпори, столбни потпирачи
  • производство и продажба на бетонски конзоли
  • производство и продажба на бетонски рабници (ивичњаци)
  • производство и продажба на бехатон плочи
  • производство и продажба на бетонски канали за одводнување
  • производство и продажба на бетонски каналетки
  • производство и продажба на бетонски елементи по нарачка