ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ДОО – Скопје, е компанија специјализирана за истражување и испитување на теренот од геолошки, инженерскогеолошки, хидрогеолошки и геотехнички аспект, преку изработка на техничка документација (Елаборати, Проекти, Студии) која служи како подлога за проектирање и изведба на разни видови на објекти (инфраструктурни и линиски: патишта, железници, мостови, тунели, далноводи, нафтоводи, гасоводи, топловоди; како и градежни објекти: брани и станбено-деловни објекти). Нашата компанија врши истражувања на лежишта на металични и неметалични минерални суровини, со изготвување на целокупната геолошка документација потребна за проектирање на идното експлоатационо поле. Исто така, изработува и Проектни задачи и Проекти за детални геолошки истражувања на металични и неметалични минерални суровини, Елаборати за заштита на животната средина за фазите: геолошки истражувања и експлоатација, Елаборати од инженерскогеолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувања. Покрај ова, врши и геолошки и геотехнички надзор во фаза на истражување и изградба, како и ревизија на техничка документација.

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ДОО – Скопје, исто така поседува машина за изведба на колови “COMACCHIO CH 450”, производство – 2017 год., со можност за изведба на колови до Ø 1000 mm, за потребите за заштита на градежни јами, косини, фундирање на колови.

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ДОО – СКОПЈЕ, Подружница Производство Скопје, поседува погон за производство на бетонски и армирано-бетонски центрифугирани префабрикувани елементи, користи совремeна опрема и средства за производство на бетонски елементи за потребите на деловниот сектор како и за индивидуални домаќинства.

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ДОО – Скопје, официјално егзистира и е основан во Октомври 2000 година како Друштво за градежништво, инженеринг и други услуги. ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ги следи светските искуства, технологии, стандарди и достигнувања од наведените области и нивна имплементација при реализација на Проектите, користејќи го сопствениот потенцијал, искуство и знаење, како и користејќи го знаењето на експертите од државата кои применуваат и имплементираат интернационални стандарди. ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ги има обезбедено потребните Лиценци од А и Б категорија за Проектирање, Надзор и Ревизија на Проектна документација од областа на Геологијата и Геотехниката, издадени од Министерството за Транспорт и Врски на Р. Македонија и Комората на овластени Архитекти и овластени Инженери.

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ располага со високо стручен кадар, кој во текот на своето долгогодишно постоење учествувал и учествува во изработка на техничка документација од областа на геологијата, инженерската геологија, хидрогеологијата и геотехниката, за различни видови на објекти

НАШЕТО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО, СЕ ВАШАТА СИГУРНОСТ.