20191113_142201

“Геохидроинженеринг” ДОО, од Скопје, учествуваше во истражувањата и изработката на геотех­нич­ките Елаборати за потребите на проектирање на брана “Конско” и придружните објекти на истата” (Опточен тунел, Преливен орган, Коса пруга и траен пристап до излез на Затворачница со пристапен мост), како и во истражувањата и изработката на геотех­нич­киот Елаборат за каменоломот во склоп на браната.

По завршувањето на истражувањата и изработката на геотех­нич­ките Елаборати, стручна екипа од инженери и техничари од “Геохидроинженеринг” ДОО Скопје, е ангажирана на бра­­на “Конско”–Гевгелија, за спроведување на теренските лабора­то­рис­ки испитувања, утврдување на квалитетот на вградените материјали (квалитет на бетон, асфалтно јадро и камен материјал за насипување на слоевите од браната – Филтер 1, 2 и потпорно тело од нафрлан камен) и задоволу­вање на потребните стандарди .

“Геохидроинженеринг” е исто така ангажиран за изработка на геолошка документација на изведена состојба пред започнување со градба на браната и нејзините придружни објекти.

“Геохидроинженеринг” ДОО Скопје учествуваше и во дополнителните истражувања спроведени во фаза на градба на брана Конско, преку истражување на локацијата за каменоломот за обезбедување на материјал за изработка на бетонски и асфалтни мешавини, како и на материјал за насипување на филтерски слоеви 1, 2 и потпорното тело на браната.