Од истражување на теренот до готов темел
Комплетна услуга под еден покрив: истражувања и техничка документација, фундирање со колови, лабораториска контрола и производство на бетонски елементи.
Геолошки и геотехнички истражувања
Истражување и испитување на теренот од геолошки, инженерско-геолошки, хидрогеолошки и геотехнички аспект и изработка на техничка документација за проектирање и изведба на објекти.
- Инженерско-геолошки, хидрогеолошки и геотехнички елаборати
- Истражни дупчења и теренски испитувања
- Геолошки и геотехнички надзор и ревизија
- Истражување на лежишта на минерални суровини
Фундирање и колови
Изведба на колови за заштита на градежни јами и косини и за фундирање на згради, мостови и далноводи на тешко носиви терени.
- Машина COMACCHIO CH 450 (2017)
- Колови со пречник Ø600 – Ø1200 mm
- Заштита на градежни јами и косини
- Фундирање на згради, мостови и далноводи
Лабораторија
Контрола на квалитетот на градежните материјали и изведените градежни работи, со калибрирана опрема и според МКС и европските стандарди.
- Акредитирана според МКС EN ISO/IEC 17025:2018 (ЛТ-096)
- Бетон и бетонски работи, агрегат, асфалт
- Геомеханички испитувања
- Контролни испитувања на терен
Производство на бетонски елементи
Погон за производство на бетонски и армирано-бетонски центрифугирани префабрикувани елементи за деловни клиенти и домаќинства.
- Улични и паркови рабници
- Центрифугирани армирано-бетонски столбови 9, 10 и 12 m
- Бетонски блокови и елементи по нарачка
- Контакт: ghiproizvodstvo@ghi.com.mk
Имате проект? Да разговараме.
Контактирајте не за понуда или стручна консултација.