Услуги · 04

Производство на бетонски елементи

Сопствен погон за бетонски и армирано-бетонски центрифугирани префабрикувани елементи – за градежништвото, општините и домаќинствата.

За погонот

Погонот почна со мал асортиман – улични и паркови рабници – и постепено се прошири со нови производи и димензии, следејќи ги потребите на пазарот.

Денес нудиме и центрифугирани армирано-бетонски столбови во повеќе димензии, најчесто 9, 10 и 12 метри, а по барање ги прилагодуваме производите на потребите на купувачите.

Компанијата остварува континуиран раст и развој со успешно работење на македонскиот, но и на меѓународниот пазар, со воведување нови стандарди во производството на бетонски елементи.

Контакт за производство

Подружница
ГХИ – Подружница Производство Скопје
Телефон
+389 71 416 433
Е-пошта
ghiproizvodstvo@ghi.com.mk
Асортиман

Наши производи

Инфраструктура

  • Бетонски рабници (ивичњаци)
  • Бехатон плочи
  • Бетонски канали за одводнување
  • Бетонски каналетки
  • Бетонски конзоли

Столбови и потпори

  • Бетонски столбови во различни димензии
  • Центрифугирани армирано-бетонски столбови – 9, 10 и 12 m
  • Армирано-бетонски ногари
  • Центрифугирани АБ ногари, бандерски потпори и столбни потпирачи
  • Бетонски столбчиња

Уредување на простор

  • Бетонска галантерија
  • Бетонски украсни елементи
  • Украсни жардињери и цвеќарници
  • Бетонски корпи за отпадоци
  • Бетонски лего елементи (коцки)

По нарачка

  • Бетонски елементи по нарачка на купувачот
  • Модификации на постоечките производи според барањата на пазарот
Квалитет

Контрола на секоја фаза

По барање на купувачите, особено деловните клиенти, и како дел од нашите постапки за следење на квалитетот, редовно ги контролираме суровините и готовите производи.

01

Влезни суровини

Контрола и испитување на суровините што се вградуваат во производите.

02

Јакост на притисок

Испитување на бетонски тела на јакост на притисок.

03

Контроли по нарачка

Дополнителни испитувања по барање на купувачот, во нашата акредитирана лабораторија.

Ви треба понуда за бетонски елементи?

Пишете ни или јавете се на +389 71 416 433.

Побарај понуда