Услуги · 02

Фундирање и колови

Изведба на армирано-бетонски колови за безбедни темели и стабилни градежни јами – и таму каде теренот е слабо носив.

За услугата

Со сопствена машина COMACCHIO CH 450 изведуваме колови за заштита на градежни јами и косини, за спречување на обрушување и за фундирање на згради, мостови, далноводи и други објекти.

Коловите се решение кога носивоста на почвата не е доволна за плитко фундирање. Бидејќи истражувањата, проектните подлоги и лабораториската контрола ги правиме самите, добивате целосна услуга од еден изведувач.

Машина

Модел
COMACCHIO CH 450
Година на производство
2017
Прибор
Ø600 mm и Ø800 mm
Можност на машината
колови до Ø1000 и Ø1200 mm
CH 450COMACCHIO машина за колови
2017година на производство
Ø600 – 800пречник со постоечки прибор
до Ø1200максимален пречник
Примена

Каде ги применуваме коловите

01

Заштита на градежни јами

Потпорни конструкции од колови за длабоки ископи во урбани средини.

02

Стабилизација на косини

Спречување на свлечишта и обрушување на косини и засеци.

03

Фундирање на згради

Длабоко фундирање на станбени и деловни објекти на слабо носив терен.

04

Мостови и далноводи

Фундаменти за мостови, вијадукти и столбови на далноводи.

Процес

Една компанија – целиот процес

Истражувања

Ги утврдуваме составот и носивоста на теренот.

Проектни подлоги

Геотехнички елаборат и параметри за проектирање на коловите.

Изведба

Изведба на коловите со машината COMACCHIO CH 450.

Контрола

Лабораториска контрола на бетонот и изведените работи.

Референци

Каде сме изведувале колови и фундирање

АЛБАНИЈАКОСОВОСРБИЈАБУГАРИЈАГРЦИЈА311113111
АвтопатВо изградбаЖелезница
Релјеф: SRTM / Mapzen · Natural Earth
Ова се само проектите од оваа услуга.Сите 116 проекти на ГХИ →
Галерија

Од терен

Имате проект? Да разговараме.

Контактирајте не за понуда или стручна консултација.

Контакт