Брана „Конско“
Геотехнички истражувања, елаборати и контрола на квалитетот при изградбата на браната и нејзините придружни објекти кај Гевгелија.
Од првите истражувања до контролата на секој вграден слој
„Геохидроинженеринг“ учествуваше во истражувањата и изработката на геотехничките елаборати за проектирање на браната „Конско“ и нејзините придружни објекти.
Работата ги опфати опточниот тунел, преливниот орган, косата пруга и трајниот пристап до излезот на затворачницата со пристапниот мост, како и геотехничкиот елаборат за каменоломот во склоп на браната. По завршувањето на елаборатите, наша стручна екипа од инженери и техничари е ангажирана директно на градилиштето.
Како работевме
Истражувања и проектирање
Теренски истражувања и геотехнички елаборати за браната, придружните објекти и каменоломот – основата за проектирањето.
Контрола на квалитет
Теренска лабораторија на градилиштето: испитување на бетонот, асфалтното јадро и каменот материјал за филтерските слоеви и потпорното тело според стандардите.
Каменолом и изведена состојба
Дополнителни истражувања на каменоломот за материјал за бетонски и асфалтни мешавини и геолошка документација на изведена состојба.
Услуги вклучени во проектот
Погледнете и други проекти
Автопат Кичево – Охрид
Геотехнички истражувања на трасата, АБ колови, самодупчечки анкери, инклинометри, заштита од одрони и пробно товарење на објектите.
Погледни го проектот →Брана „Отиња“
Изведба на инјекциона завеса за насипната брана со придружни објекти и контролни испитувања на вградените материјали.
Види ги проектите на картата →Имате сличен проект?
Разговарајте со нашиот тим за истражувања, проектирање и контрола на квалитет.











