Автопат Кичево – Охрид
Геотехнички истражувања на трасата и свлечиштата, колови и анкери, мониторинг со инклинометри и лабораториска контрола на една од најзахтевните делници на Коридор 8.
Една траса – 19 проекти
Автопатот Кичево – Охрид минува низ еден од геолошки најсложените терени во Македонија: стрмни падини, шкрилци и активни свлечишта. „Геохидроинженеринг“ работи на трасата повеќе од 15 години – од првите истражувања до изведбата и контролата.
Работевме за изведувачите и проектантите на трасата – Sinohydro, Гранит, Илинден, Трансмет, Геоинг МК и други. Ги истражувавме вијадуктите, усеците, засеците и свлечиштата, ги изведувавме армирано-бетонските колови и самодупчечките анкери, вградувавме инклинометри за следење на поместувањата и ја контролиравме носивоста на изведените објекти.
Како работевме
Истражувања на трасата и свлечиштата
Истражни дупнатини, теренски и лабораториски испитувања на вијадукти, усеци и свлечишта – подлога за проектирањето на објектите и санацијата на косините.
Стабилизација и фундирање
Армирано-бетонски колови, самодупчечки анкери, челична мрежа против одрони и дренажи – изведени со сопствена механизација и екипи.
Мониторинг и контрола
Инклинометри за следење на поместувањата на свлечиштата, лабораториска контрола и пробно товарење на изведените објекти.
Сите проекти на трасата (19)
Услуги вклучени во проектот
Погледнете и други проекти
Брана „Конско“
Геотехнички истражувања и елаборати за браната и придружните објекти, теренска лабораторија и контрола на квалитетот на секој вграден слој.
Погледни го проектот →Брана „Отиња“
Изведба на инјекциона завеса за насипната брана со придружни објекти и контролни испитувања на вградените материјали.
Види ги проектите на картата →Имате сличен проект?
Разговарајте со нашиот тим за истражувања, проектирање и контрола на квалитет.





